Јанчев се заблагодари на кавадарчани: Сум бил во ситуации од кои мислев нема назад!

by Fokus 15:24
15:24
Митко Јанчев, новиот градоначалник на Кавадарци од ВМРО ДПМНЕ, им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката за време на локалните избори.

,, Почитувани сограѓани, роднини и пријатели. Ја водев можеби најтешката битка во мојот живот. Многу пати сум бил во ситуации од кои си мислев дека нема назад, сум се борел и сум успеал. Овој пат, секој ден, одново и одново се обидувавме заедно со Вас да ја тргнеме секоја препрека од патот. На крај победи храброста, победи упорноста и вербата во самите себе. Ви благодарам за целата поддршка што ми ја дадовте и за издржливоста што ја покажавте. Се што Ви ветив заедно ќе го исполниме. Кавадарци ќе стане убаво место за живеење. За убаво Кавадарци. Кавадарци на прво место!’’ – порача Јанчев.

- Advertisements -

Вчера, на вториот круг од локалните избори, тој ја доби поддршката од кавадарчани со разлика од 1.642 гласа пред противкандидатот од СДСМ, Бетиан Китев.

Во Кавадарци гласаа 25.034 гласачи, а излезеноста беше 76,54 проценти. Веднаш по прогласувањето на победата, Јанчев јавно го покани Китев заедно да го испијат првото градоначалничко кафе во неговиот кабинет, и да имаат заедничка соработка за доброто на граѓаните. Потоа, негови поддржувачи, роднини и пријатели, ја прославија победата со труби и песни.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости