Бајден води во Охајо, државата во која победниците стануваат претседатели од 1964

by Fokus

Според проекцијата на Си Ен Ен, кандидатот на демократите Џо Бајден победува во Охајо, што е значајно и затоа што републиканските кандидати кои победуваа во таа држава последните 56 години, секогаш стануваа претседатели.

По преброени шест проценти од гласовите Бајден има 74 проценти, а Доналд Трамп 24 проценти од гласовите. Државата носи 18 изборни гласови.

Според Си Ен Ен, Охајо е држава во која Трамп мора да победи. Ниту еден републиканец досега не освоил мандат без да победи во Охајо.

Поврзани новости