Трамп засега има 11, а Бајден три електорски гласа

by Fokus

Почнаа да пристигнуваат првичните резултати од претседателските избори во САД, каде се натпреваруваат републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џо Бајден.

Трамп убедливо води во Индијана, со 65,5 наспроти 32,7 отсто за Бајден по пребоени осум отсто од гласовите. Државата носи 11 електорски гласови.

Бајден убедливо води во Вермонт, со 72 наспроти 25,5 отсто за Трамп, по преброени три отсто од гласовите. Државата носи три електроски гласови.

Гласачите не гласаат директно за Трамп или Бајден, туку избираат електори (гласачи), демократи или републиканци, кои во декември формално бираат претседател (Изборен колеџ).

Во 48 од 50 држави важи правилото според кое кандидатот за кого во државата гласале мнозинство од гласачите, автоматски ги добива гласовите на сите електори во таа држава. Само во државите Мејн и Небраска, гласовите на електорите можат да се делат пропорционално меѓу кандидатите во зависност од добиените гласови. Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.

Поврзани новости