Бајден: Украина не треба да добие повластен пристап до НАТО

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф  Бајден изјави во саботата дека Украина мора да ги исполни сите услови, како и другите земји, за да стане членка на НАТО.

На прашањето дали е за олеснување на пристапот на Украина до алијансата, Бајден одговори „не“.

„Украина не може да биде фаворизирана и мора да ги почитува сите критериуми. Значи, нема да го олесниме“, изјави Бајден.

Бајден зборуваше за Украина и НАТО пред самитот на Алијансата во Вилнус на 11-12 јули.

Украина нема да биде поканета во алијансата на тој самит, изјави претходно генералниот секретар Јенс Столтенберг. Сепак, тој нагласи дека Украина ќе стане членка на НАТО кога ќе дојде време.

Поканата за земјава е првиот чекор во пристапниот процес.

Поврзани новости