Бајден неделава ќе го соопшти кандидатот за негов потпретседател , извесно е дека ќе биде жена

by Frosina Fakova

Кандидатот за демократска претседателска номинација Џо Бајден е соочен со можеби најделикатната одлука во својата 50-годишна политичка кариера – изборот на кандидат за потпретседател на претстојните претседателски избори во САД, закажани за 3 ноември.

Бајден, најизвесниот претседателски кандидат на Демократската партија, следната недела би требало да соопшти кој ќе се најде на списокот на потенцијални кандидати за потпретседател на САД, дознаваат американските медиуми од добро упатени извори.

Според мидумите во САД, Бајден преземал обврска да избере жена за потпретседателски кандидат и на почетокот на неделава што следи ќе ги информира своите донатори дека неговата екипа е подготвена да го соопшти името на кандидатката значително пред конвенцијата на Демократската партија, закажана за август.

Изборот на кандидати за потпретседател секогаш е најделикатен за претседателските кандидати, но е особено значаен за 77-годишниот Бајден, кој, во случај на победа на изборите, би бил највозрасниот американски претседател во историјата.

Поврзани новости