Бајден ќе ја номинира првата црна жена за член на Врховниот суд

by Fokus 21:44
21:44

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја номинира првата црна жена во историјата на САД за член на Врховниот суд, обраќајќи и се на нацијата поради пензионирањето на либералниот судија Стивен Брејер.

„Не донесов никаква одлука освен дека личноста што ќе ја номинирам ќе биде личност со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет. И тоа ќе биде првата црна жена некогаш номинирана за член на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави“, изјави Бајден пред Белата куќа.

Поврзани новости