488
Претседателот на САД, Џо Бајден ги преиспитува односите со Саудиска Арабија откако групата ОПЕК + минатата недела објави дека ќе го намали производството на нафта, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
-Бајден е подготвен да работи со Конгресот за иднината на односите со Саудијците – рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен.
Претходно, демократскиот сенатор Боб Менендез повика на замрзнување на соработката со Саудиска Арабија, вклучително и замрзнување на поголемиот дел од продажбата на оружје во таа држава.