455
Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска при посетата на Србија им изрази сочувство на сите семејства кои ги загубиле своите најблиски во НАТО бомбардирањата. Тој тоа го направи на заедничка прес конференција која ја имаше со српскиот премиер Александар Вучиќ.
-САД и Србија, секако не се согласуваат околу сите прашања, има многу лузни и рани кои постојат уште од 90-те години, но се надевам дека ќе преземеме чекори и тоа ќе го направат други, нови генерации, а целиот регион ќе забележи економски раст, рече Бајден.
Тој порача дека сите земји од регионот треба да преземат чекори за решавање на работите кои се погрешно направени во минатото.