Селмани: Насловната на „Дневник“ ќе ја врамам за да сведочи за началничката пропаганда

by fokus 21:11
21:11

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, денеска реагираше на насловната страница на дневниот весник „Дневник“ со текст насловен „Широката рака на Брисел: За ЗНМ на Насер Селмани 200.000 евра, за поплавените во скопско 150.000 евра“.

-Насловната на „Дневник“ е сведок за моралната беда на некои началници што сакаат да глумат новинарство. Ова насловна ќе ја врамам за да посведочи на идните генерации кое дно го достигнало началничката пропаганда, кое сакаа да ни го продават како новинарство. Во неможност да ја променат вистината, началниците ги спинуваат фактите, поучени од гебелсовите методи што ги применува центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, вели Селмани.

Тој праша дали началниците што ги водат најголем дел од медиумите некогаш ќе имаат храброст на јавноста да и кажат колку пари добиваат од даноците на македонските граѓани за да и послужат на партиската пропаганда на Груевски.

-За да сокријат дека 600 милиони евра нивниот ментор Груевски потрошил на стиропор и гипс картони, место да гради атмосферска канализација во Скопје за да не дозволи скопјани во 21 век да се удават од полави, тие се занимаваат со 200 илјади евра на ЕУ дадени за проект за ЗНМ. На ваквата валкана пропаганда и злоупотреба на новинарството би можел да им позавидува и хитлеровиот министер за проаганда Јозеф Гебелс, додаде претседателот на ЗНМ.

Поврзани новости