Баџанакот на Талат Џафери избран за антикорупционер

by Fokus

Нури Бајрами денеска и официјално од Собранието е избран за член на новата Аниткорупциска, е баџанак на  претседателот на Парламентот, Талат Џафери- оваа информација за НОВА ја потврдил и самиот Бајрами, велејќи дека роднинската врска со Џафери нема да влијае врз неговата работа, ниту одлучувањето.

На прашање на НОВА дали со неговиот избор се фрла сомнеж врз изборот на антикорупционерите, Бајрами одговори- “Нема шанси, нема да потклекнам на никакви притисоци и ќе се борам со секаков вид на корупција, и со високата”.

Бајрами додаде дека не е во крвно сродство со Џафери- тој е женет со сестрата на сопругата на Џафери.

Новоизбраната претседателка на Антикорупциска објаснила дека за овој случај  одговор треба да се бара кај Комисијата за селекција, која доколку утврдила судир на интереси, требала навреме да алармира.

Поврзани новости