Бачев: Власта им нудеше на пратениците избор меѓу два милиони евра и затвор

by Фокус

Синоќа во Собранието при гласањето за одлуката за пристапување кон измена на Уставот се случи едно од најподмолните предавства во поновата македонска историја, реагираат од Единствена Македонија на Јанко Бачев.

„Mакедонски платеници и изроди како избрани пратеници не издржаа. И не за било што, туку за тргување со највисоките национални и државни интереси. На Зоран Заев устата му е полна со евроатлански интеграции, Европа на владеење на правото, Европа на почитување на правната држава. Каква е таа Европа во која се даваат по 2 милиони евра на пратеник за гласање за предавство спрема својата Татковина или одење во затвор ако не се гласа по нарачка на власта. Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат, нели власта на Заев се до вчера ги нарекуваше терористи тројцата пратеници кои синоќа не издржаа и гласаа против македонскиот народ и македонската држава“, соопштија од партијата.

Поврзани новости