Бачев: Утре ќе објавиме документи зошто ДИК не ги прифати листите

by Фокус

Откако Државната изборна комисија излезе со информации дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која ќе учествува на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, со реакција се јави Јанко Бачев од НДМ, кој тврди дека утре ќе објавел документи зошто нивните кандидатски листи не се прифатени.

– Народно движење за Македонија на ден 16.05.2016 година (понеделник) ќе одржи прес конференција на која ќе сподели со јавноста документи за скандалозната одлука на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на НДМ спротивно од Изборниот законик, односно, не од правни причини, туку од сосема други причини – стои во најавата од НДМ.

 

Поврзани новости