Камбовски до Вељановски: Свикајте го Собранието, Македонија е во опасна ситуација

by Фокус

Зошто го комплицирате ова со изборите? Нема потреба. Еве го петти јуни, кампањата на единствената пријавена партија за избори ќе почне, ќе почнат луѓе да се тепаат по улица. Ќе настане општа конфузија, збрка. Одговорноста да ја повлечете одлуката за распишување на изборите е лично ваша, му се обраќа академик Владо Камбовски на спикерот на Собранието Трајко Вељаноски.

Во изјава за Сакамдакажам.мк Камбовски го предупредува Вељаноски дека ја доведува Република Македонија во опасна ситуација, да се распадне.

Според него Вељаноски е должен  како што ги распиша лично изборите за петти јуни, кога веќе не беше претседател, така сега и да ја повлече одлуката, бидејќи нема услови за одржување на избори на петти јуни.

Поврзани новости