660
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, придружуван од заменик-претседателот на партијата, Стефан Влахов Мицов, и членот на Извршниот комитет, Драган Угриновски, денеска остварил средба со заменик-амбасадорот и прв советник во Амбасадата на Република Франција, Станислас Мрозек.
Како што информираат од партијата, на средбата по барање на француската амбасада се разговарало за актуелната политичка состојба, стратешките приоритети на Единствена Македонија и реформските процеси за државата.
Притоа Бачев посочил дека опстанокот на Македонија и просперитетот на народот се обезбедува во сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија. Тој потенцирал дека во однос на интеграциските процеси новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја оствари, како што рекол, јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија за сојуз со Русија и членство во ЕУ.