Османи: Грчкиот Еврокомесар Аврамопулос прифати да го посети Скопје

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи попладнево се сретна со грчкиот еврокомесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос и го поканил да го посети Скопје за потпишувањето на договорот со Фронтекс, европската агенција за гранична контрола на просторот Шенген и задолжена за управување со надворешните граници на ЕУ.

Откако го информирал комесарот за усвојувањето на договорот Фронтекс, Османи го поканил Аврамопулос да ја посети нашата земја. Тој, како што јави дописничката на МИА од Брисел, прифатил и изразил надеж дека тоа ќе го стори во најбрз можен рок.

Македонија е втората земја во регионот што го усвојува овој договор.

– Договор Фронтекс значи соработка помеѓу Македонија и агенцијата Фронтекс. И можноста за учество на агенцијата во акции рамо до рамо со нашите бебедносни служби. Знаете дека Македонија има полицајци од неколку земји членки на ЕУ на границите, но врз основа на билатералните договори што ги имаме. Сега Македонија станува втората земја во регионот по Албанија што го потпишува договорот и ова е уште еден степен повеќе зближување, но и безбедност и сигурност за државата, изјави Османи за МИА.

Македонија беше на удар за време на бегалската криза кога се активираше таканаречената „балканска рута“. Вицепремиерот смета дека менаџирањето на оваа криза беше доказ дека Македонија е партнер од доверба за ЕУ.

Денеска, вели Османи, рутата е под контрола.

– Рутата е под контрола, вонредната состојба е сѐуште во тек на двата гранични појаси на југ и север. Транзционите центри се во фунцкија. Регистририавме 30-тина случаи на криумчарење годинава со над 300 мигранти во 2017 и 2018. Македонија е активно вклучена со сите институции и со поддшка на ЕУ, изјави Османи.

Османи вели дека во моментов нема притисок на македонските граници, но оти вонредната состојба останува во сила во случај да треба да треба да се активираат механизми како вклучување на воените сили, доколку дојде до нови напливи на границите. 

Поврзани новости