Бачев: Седиштето на ДПМНЕ го офарба ВМРО

by Фокус

Единствена Македонија соопшти дека седиштето на ДПМНЕ вчера го офарба ВМРО, бидејќи, според проруската партија на Јанчо Бачев, опозициската партија отстапила од изворните принципи за суверена и унитарна Македонија на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата.

„ДПМНЕ да престане да биде соучесник на марионетската власт во Скопје во погубните политики за рушење на Македонија и Македонците, инспирирано и организирано од странски ментори. За почеток, ДПМНЕ да се изјасни дека е против референдум за името, а доколку марионетската власт во Скопје сепак организира референдум, ДПМНЕ да се изјасни за бојкот и истовремено пратениците на ДПМНЕ да поднесат оставка во Собранието“, повика партијата.

По инциндентот со седиштето на ДПМНЕ, партискиот генсек Игор Јанушев обвини дека тоа е дело на структури од СДСМ, МВР и криминалното подземје, додека владејачката партија го отфрли таквите обвинувања, алудирајќи дека се рабтоти на случај што е производ на внатрепартиски поделби.

Поврзани новости