СДСМ за нападот врз седиштето на ВМРО: Не можеме да бидеме виновни за поделбите во опозициската партија!

by Фокус

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше офарбан со црвена боја, и воедно отфрли секаква поврзаност со случајот.

„СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија. СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај, а ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби“, соопштија од владејачката партија.

Инаку, генералниот секретар на ДПМНЕ, Игор Јанушев, синоќа изјави дека располагаат со информации за оперативци од полициските структури и лица од раководството на СДСМ, кои, според него, финансираат и подбуцнуваат насилство кон ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем, на сето ова претходела и една средба во еден од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство – рече Јанушев.

Поврзани новости