САД побара Франција да не ја попречува Македонија кон ЕУ и НАТО

by Фокус

Државниот секретар на САД Мајк Помпео побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Во разговор со шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, Помпео побарал по постигнатиот договор меѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

– Државниот секретар Помпео побара од франускиот министер за надворешни работи Ла Дриан да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, по потпишувањето на договорот за името меѓу Грција и Македонија, се наведува во соопштението објавено на вебстраницата на Стејт департментот.

Инаку, Франција беше една од земјите-членки на ЕУ што беа против брзо проширување на Унијата, заедно со Холандија, Данска, Луксенбург, меѓутоа повеќе од овие држави отстапи од првичниот став и најтврда остана токму Франција.

Поврзани новости