569
Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија утре до Собранието ќе поднесе иницијатива за донесување одлука за повлекување на одлуката за признавање на Косово.
Инаку, одлуката за признавање на Косово е донесена од владата на 9 октомври 2008 година, а истата следуваше по усвоена собраниска резолуција, со која се бара признавање на соседот.
Тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, по признавањето рече дека тој чекор ќе има позитивен ефект во однос на регионалниот развој на настанитe.