Го претепале, а потоа со дрвена палка му ги скршиле стаклата на возилото

by Fokus

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Е. (22), А.А. (19) и М.Д. (21), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според информациите објавени во полицискиот билтен, на 15 октомври, 2017 година околу 03.30 часот на ул. „Илинденска“ во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавените со уште едно непознато лице, физички го нападнале Л.Ф. од Куманово, при што му нанеле телесна повреда, а потоа со дрвена палка ги скршиле стаклата од возилото на оштетениот.

Поврзани новости