Бабовски: Нема тешки метали во овошјето и зленчукот, ширење лажна паника е кривично дело

by Fokus
Foto: MIA

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денес уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали во овошјето и зеленчукот.

Бабовски на прес-конференција рече дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело. Тој објасни дека наредните денови ќе се знае дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава.

„Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми“, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на опозицијата.

Тој порача дека кога се излегува да се каже нешто во јавноста, тоа треба да биде точно и вистинито.

Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.

Поврзани новости