Бабата на бебето кое почина во Швајцарија самоволно си заминала од Инфективна

by fokus

Бабата на десетмесечното бебе што почина во Швајцарија, ја напуштила Инфективна клиника на свое барање, таа е позитивна на Ковид и е на домашно лекување, потврди за НОВА, министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот изјави дека таа не сакала да го прими и Решението за самоизолација, па морала да интервенира полицијата.

„Во однос на бабата на бебето кое на барање на родителите беше пратено во Швајцарија, на свое барање сакала да си оди од болница. Констатирано е од докторите дека може да замине на домашно лекување, има уште еден таков пациент кој заминал дома во текот на викендот. На тој пациент веднаш му е дадено Решение за сомоизолација, а првата пациентка практично, не сакала да даде податоци. Најдена е со асистенција на МВР после еден ден и анкетата, прашалникот укажал дека немала контакти, според нејзиното кажување. Значи, во нејзина близина никој нема добиено дополнително решение за самоизолација, освен самата пациентка која што е сега на домашно лекување“, изјави министерот Филипче.

Поврзани новости