Директорот на финансиска полиција е негативен на корона вирус

by fokus

Директорот на Управата за финансиска полиција, Aрафат Муареми е негативен на тестот на корона вирус, објави тој вечерва.

-Ве известувам дека ги добив резултатите од тестирањето за Ковид-19 и истите се НЕГАТИВНИ. Согласно препораките на епидемиолозите и понатаму останувам во домашна изолација до 09.06.2020. Воедно, сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата која што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста. На сите оние кои што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите останати сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции, напиша Муареми.

Поврзани новости