Габриел и Денков ќе ротираат на функцијата премиер на Бугарија 

by Fokus

Бугарија ќе добие нов владин состав предложен од коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) со поддршка на ГЕРБ . Премиерот на оваа влада ќе се менува на ротациона основа.

Во првите девет месеци премиер ќе биде Николај Денков од ПП, а вицепремиер и министер за надворешни работи Марија Габриел од ГЕРБ. Следните девет месеци Габриел ќе стане премиер, а Денков вицепремиер.

Ова го соопштија на заедничка прес конференција Габриел и Денков по разговорите меѓу ПП-ДБ и ГЕРБ . Оваа информација беше објавена на само еден час пред пред кандидатката за премиер на првата политичка сила ГЕРБ, Марија Габриел, да го врати првиот мандат на претседателот Румен Радев.

Останатите имиња на составот и структурата на кабинетот како и на министрите засега не се соопштуваат.

Поврзани новости