661
Иако новиот Универзитет „Мајка Тереза“ се уште е во собраниска процедура и за него има големи несогласување, во јавноста веќе почнуваат да се појавуваат информации за тоа кој би бил ректор. Телевизија Алсат М неофицијално дознава дека ректор на овој универзитет ќе биде Азис Положани, поранешен пратеник од редовите на ДУИ, поранешен министер за образование и наука, како и поранешен амбасадор на Македонија во Женева.
Претходно претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјавуваа дека ректорот на новиот универзитет ќе биде од странство.