СДСМ: Ставрески ги избрка домашните компании во странство

by Фокус

После 10 години на потценување на домашните компании во однос на странските инвеститори Груевски и Ставрески наводно се сетија на домашните компании, а токму Груевски и Ставрески ги натераа домашните инвеститори да ги селат своите бизниси во соседните земји заради погрешните економски политики коишто ги спроведуваат со години, реагираат денеска од СДСМ на започнувањето на изградба на фабрика на македонската компанија “Хајтек Асембли Центар“ во зоната Бунарџик.

-Резултатот со којшто може да се пофали Ставрески е дека со виртуелните политики во економијата го зголемил само извозот на соседните земји со тоа што ги избркал македонските компании од Македонија. Граѓаните знаат дека токму Ставрески е човекот којшто најмногу ги излажа за виртуелни инвестиции и виртуелни вработувања, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија потсетија на илјадници работни места во наводните инвестиции на Субрата Рој, кои никогаш не се остварија, бидејќи Индиецот заврши во затвор.

Поврзани новости