Азески во Собранието – мисија за деблокада на економските закони

По законот за градење, итно да се ратификува Панеуро медитеранската конвенција заради намалување на трошоците за извоз за поголема конкурентноста на компаниите во регионот и за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје преку заем од100 милиони евра, за да се обезбеди редовно снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов.

by fokus

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно алармот на компаниите кои имаат сериозни забелешки за блокадите на законските решенија во Собранието, а кои во услови на тешка енергатска криза дополнително го усложнуваат нивното работење.

На средбата беше посочено дека покрај Законот за изменување и дополнување на Законот за градење со кој субјектите ќе можат на кровна конструкција на објект да постават фотонапонска електроцентрала без решение за поставување, согласно членот 74 на овој закон, со што ќе се олесни процесот на поставување на фотоволтаици, како мерка за справување во услови на енергетска криза, за бизнисот приоритет во моментов е итно да бидат изгласани уште две законски решенија, на собраниска седница на 25-26 октомври 2022 година, ако под услов се состанат Комисиите за надворешна политика и за финансирање и буџет.

Законите кои чекаат на одобрување во Собранието се поврзани со намалување на трошоците на извозните компании што директно влијае на нивната конкурентност во услови кога скапата цена на електрична енергија ги стави во исклучително неповолна позиција во регионот и пошироко и обезбедување заем во износ од 100 милиони евра со државна гаранција за финансирање на АД ЕСМ – Скопје со цел обезбедување соодветно производство и набавка на струја за потребите на домашниот пазар.

Предлог на Закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Анекс 4 на ЦЕФТА 2006, кој сеуште не е поминат на Комисијата за надворешна политика, иако ние како земја членка на ЦЕФТА сме обврзани да ја преземеме ревидираната Конвенција, а за да може таа да се користи во меѓусебната трговија администрирана од ЦЕФТА, неопходно е да се ратификува во земјите потписнички на овој договор за слободна трговија, што како процес го немаме завршено само ние. За извозно ориентираните компании, е од особено значење процесот на ратификација да заврши час поскоро. Ова ќе им овозможи на компаниите да ги користат привилегиите од ревидираната ПЕМ конвенција за извозот на пазарите на ЦЕФТА, со кој, меѓу другото, се укинува забраната за поврат на царина за суровини без потекло, со што се намалуваат трошоците на извозниците и со што стануваат поконкурентни на пазарите во регионот, а се олеснува и добивањето ЕУР 1 сертификат за потекло.

2.

Предлог на Законот за гаранција на РСМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД ЕСМ – Скопје, со доделување на заем во износ до 100 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, е неопходно да се донесе за финансирање на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза. Со овој проект ќе се надминат потешкотиите во снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов. Најголем дел од заемот е наменет за оперативни трошоци во ХЕЦ Маврово, ХЕЦ Тиквеш, ХЕЦ Треска, ХЕЦ Црн Дрим и Дирекција, како и за набавка на електрична енергија од лиценцирани трговци со електрична енергија и набавка од операторот на електропреносниот систем, АД МЕПСО.

Заеднички заклучок од средбата меѓу Џафери и Азески е дека контактите со пратениците, пратеничките групи и бизнис заедницата неопходно е да бидат почести во интерес на стопанството а со тоа и на економскиот развој.

ПР текст

Поврзани новости