536
Автопатските делници Демир Капија-Смоквица и Миладиновци-Штип ќе бидат готови годинава, а се планира да започне и изградбата на три експресни патишта, најави денеска премиерот Зоран Заев.
– Станува збор за долгорочни инфраструктурни проекти – истакна премиерот Заев.
Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски вели дека се надминати сите затечени препреки на автопатот Демир Капија-Смоквица и оти се очекува тој да биде пуштен до крајот на април, а автопатот Миладиновци – Штип да биде завршен до крајот на септември.