Автомобил во движење се запалил пред граничниот премин „Блаце“

by fokus 10:51
10:51

Возило „јагуар“ со француски таблички се запалило во движење пред граничниот премин „Блаце“. Пожарот е изгаснат и нема повредени лица.

Пожарот избувнал во 20:02 часот најпрво во надворешниот дел во пределот на клима уредот по што се проширил во внатрешноста. Возилото го управувал Б.М. (37) од Франција.

- Advertisements -

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенирала со четворица пожарникари во гаснењето на пожарот.

Поврзани новости