Автомобил удрил во велосипедист, возачот побегнал

by Fokus

Дваесет и четиригодишен велосипедист од Тетово е повреден откако автомобил удрил во него, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 16.00 часот на улица „Киро Ристовски-Дрнц“ во Тетово непознато возило удрило во велосипед што го управувал Л.С.(24) од Тетово, по што возилото веднаш го напуштило местото на настанот. Притоа, велосипедистот се здобил со повреди  и бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по укажаната помош бил задржан  на лекување.

Извршен е увид, се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости