Мемети: Имаме полни кутии со докази за предмети кои се губат во јавното обвинителство

by fokus

На денената дебата во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права, народниот правобранител Иџет Мемети ги поздрави напорите на Владата за воспоставување систем за контрола во МВР, потсетувајќи на извештаите во кои биле посочени забелешки за работењето на полицијата.

Мемети посочи на проблемот за завршување на истрагите во Јавното обвинителство и оти доказите и предметите стигнуваат до таму, но не го гледаат „светлото на денот“.

-Имаме полни кутии со докази за предмети. Ќе се соберат доказите за одредени предмети и потоа се губат во јавното обвинителство, рече Мемети.

Петар Јорданоски, претставник на Советот на Европа, потенцира дека додека не се донесат законите за судови и за јавно обвинителство не може да се каже дека имаме правна рамка за надворешниот механизам.

-Сржта, вели, е брзата и ефикасна истрага во јавното обвинителство.

Гордан Калајџиев, експерт и претседател на Хелсиншкиот комитет забележа дека законските решенија непотребно се направени набрзина.

– Иако многу квалитетно го отворивме процесот, го затворивме набрзина и тоа е една од причините за слабости, рече Калајџиев.

 

Поврзани новости