675
Седум лица загинаа, а четворица се повредени кога автомобил кој превезувал мигранти удрил во куќа во Унгарија.
Како што пренесува „Спутник“, несреќата се случила во градот Морахалом, кој се наоѓа во близина на границата со Србија.
Според првите информации, возачот наводно побегнал од полицијата, но изгубил контрола и влетал во зградата, соопшти локалната полиција.
Според надлежните, се работи за автомобил со српски регистарски таблички, а возачот е уапсен и против него ќе се води постапка за криумчарење луѓе и предизвикување сообраќајна несреќа со многу жртви.