Силен земјотрес ја погоди Индонезија, предупредување за цунами

by Fokus

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Индонезија.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а издадено е предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри.

Потресот бил почувствуван и во Макасар во јужниот дел на Сулавеси. По првиот, следеше земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Поврзани новости