Воздухопловните сили на САД отпуштиле 27 војници, одбиле да се вакцинираат

by Fokus

Воздухопловните сили на САД соопштија дека 27 војници биле отпуштени откако одбиле да се вакцинираат против Ковид-19. Пентагон ја прогласи во август вакцината за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници примија најмалку една доза.

Портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек рече дека војниците добиле шанса да објаснат зошто одбиле да бидат вакцинирани, но ниту еден од нив не добил изземање. Околу 97 отсато од персоналот на воздухопловните сили се вакцинирани против коронавирус, бројка многу поголема од општата популација на САД.

Воздухопловните и вселенските сили имаат околу 326.000 активен персонал.

Вкупно 79 воени лица во различни служби починаа од коронавирус. САД во неделата соопштија за вкупно досега 800.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Поврзани новости