454
Автомобил „Мини купер“ се излизга во провалија на регионалниот пат Ресен – Битола, во близина на селото Цапари.
Поради снежните наноси, автомобилот се излиза и падна во провалија, повисока од пет метри. Според нашите информации, нема повредени а шлеп-службата е на лице место.
Исто така, на превојот Плетвар кај Прилеп има многу паркирани камиони и автомобили, кои се заглавени поради снегот, каде се уште нема екипи на „Македонија пат“, а иста слика има и на патот Охрид – Битола.