Автомобил излета од патот на скопската обиколница, повредени четири лица

by Fokus

Синоќа на обиколницата на Град Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.М.(34) од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Н.М.(29), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Х.Р.(27) и Д.С.Р.(19), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид.

Поврзани новости