По трагедијата која се случи во Бугарија, од Министерството за транспорт и врски излегоа со соопштение дека компанијата „Беса Транс“ имала важечка лиценца за меѓународен превоз на патници од август 2018 година до август 2022 година.
Но она што предизвика внимание во нивното соопштение, е податокот дека од компанијата немале барање за ново возило, поради што се сфаќа дека посочуваат на ввтобусот кој се запали.
-Од тој момент (од добивањето на лиценцата) превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило, пишува во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Познавачи коментираат дека ова би можело да значи дека автобусот не бил заведен во системот на министерството.