Автобус полн со луѓе излетал од пат и се превртел кај Лајпциг – има загинати

by Fokus

Најмалку пет лица загинаа кога автобус излетал од патот и се превртел на автопатот А9 во близина на Лајпциг, Германија.

„Пет лица загинаа во инцидентот“, потврдил за „Билд“ портпаролот на полицијата – Олаф Хоуп.

Автобусот сообраќал кон Минхен кога утрово околу 9:45 часот се случила несреќата.

Од засега непознати причини автобусот излегол од автопатот и се превртел.

Засега нема информации за идентитетот на починатите.

Автопатот А9 е целосно затворен во двата правци.

Поврзани новости