608
Автобус од Албанија утрово излетал на магистралниот пат Битола-Прилеп, при што тешко е повреден возачот, а полесно се повредени тројца патници.
-Утринава, околу 06.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот. Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола, информираат од МВР.