Австрија ќе воведе карантин за невакцинираните

by Fokus

Австрија ја делат само неколку дена од прогласување карантин за милиони граѓани кои не се целосно вакцинирани против ковид-19 бидејќи дневните бројки на новозаразени достигнуваат рекордни нивоа, а единиците за интензивна нега веќе се под притисок, рече канцеларот Александар Шаленберг.

Околу 65 отсто од австриските граѓани се целосно вакцинирани против коронавирус, најмалку во Западна Европа, освен Лихтенштајн, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Многу Австријци се скептични за вакцините, дополнително охрабрени од крајно десничарската Партија на слободата, трета по големина во парламентот.

Според владиниот повеќефазен план договорен во септември,во оној момент кога 30 отсто од креветите на интензивна нега ќе бидат окупирани од пациенти со ковид-19, ќе биде прогласен карантин за невакцинираните и нивното движење ќе биде ограничено. Сега 20 отсто од креветите се пополнети и тој број рапидно расте.

-Според постепениот план, всушност имаме само уште неколку дена додека да воведеме карантин за оние кои не се вакцинирани, рече Шаленберг на прес-конференција во западната покраина Форарлберг, додавајќи дека стапката на вакцинација е „срамно ниска“.

Невакцинираните повеќе не смеат да одат во ресторани, театри, ски-лифтови и салони за нега како фризерски салони, одлучи владата во петокот.

Австрија прогласи карантин три пати минатата година, ограничувајќи го движењето само на основното.

Полицијата ќе проверува дали граѓаните ја почитуваат одлуката на владата, рече канцеларот.

Поврзани новости