414
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара подобра заштита на надворешните граници на ЕУ, односно на дел од грчката граница, како и поголема контрола на западно-балканската транзитна рута, која минува низ Македонија.
Во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“, Курц рече дека бегалците треба да бидат заштитени и згрижени во близина на нивната татковина.
– Мора да направиме повеќе на терен и да воспоставиме прифатни центри за бегалците, што бегаат од теророт, нагласи тој.