Австралиец ограбен во Скопје

by fokus

Три непознати лица вчера околу 17 часот извршиле разбојништво врз Д.П.(31) од Мелбурн, Австралија на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје.

Како што информира МВР, случајот синоќа, во 20:25 часот, во Полициската станица Центар го пријавил оштетениот.

Според пријавата, сторителите со закана со нож на Д.П. му одзеле чанта со лични предмети, машки часовник и едно златно ланче.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Поврзани новости