543
СДСМ добива повеќе секунди од ВМРО-ДПМНЕ на МРТ, Канал 5, Сител и Телма, покажуваат првите извештаи од мониторингот на телевизиите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, објави Мета.
Мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за работата на јавниот сервис Македонска телевизија за периодот од 2 до 11 септември, покажа дека во централниот дневник во 19.30 часот позастапен бил субјектот СДСМ во однос на субјектот ВМРО-ДПМНЕ. Односно од 3 часа и 47 минути, за СДСМ биле посветени 7,49 отсто од времето, а за ВМРО-ДПМНЕ 4,13 отсто.
Во категоријата „директни обраќања на субјектите“ за СДСМ било потрошено 15,16 отсто од времето, а за ВМРО-ДПМНЕ 3,36 отсто.