Нема никакви промени во политичкото дејствување на Социјалистичката партија, а на интерпелацијата за доверба на Владата поднесена од ВМРО–ДПМНЕ не сме потпишани бидејќи бевме спречени, а не дека ја поддржуваме Владата на Зоран Заев, изјави за Плусинфо, Владанка Авировиќ.
– На боледување сум од минатата недела. Имав интервенција на коленото и утре повторно треба да ми биде извршена интервенција. Нема никаква промена на политичките позиции на СП, не рзаговараме за влез во Влада, ниту за поддршка на Заев. Колегата Стојан Миланов имаше некое рочиште во Штип и колегата Љупчо Димовски е зафатен со две судски рочишта. Се надевам дека утре ќе се видам со колегата Миланов за да се координираме за собраниската седница за недоверба на Владата, бидејќи јас од здрвствени причини не не можам да одам на пленарна – изјавила Авировиќ.