648
Приватен комерцијален авион кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е пронајден во близина на Велес.
Авионот се урнал откако претходно побарал слетување и надополнување на гориво на Скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Италијанскиот авион од марката „Пајперс“ кој возел со германски регистерски таблички бил регистриран за двајца пилоти и плус пет патници, но не се знае колку луѓе се возеле во него покрај пилотот.
Летот на авионот започнал во Тревизо, Италија и се претпоставува дека крајна дестинација му била Приштина.