Американскиот Универзитет на Европа – ФОН денеска организираше еко-акција во Градски Парк во Скопје под слоганот „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА. CHANGING TOGETHER“, преку која испратија порака до целата јавност дека грижата за животната средина е повеќе од неопходна за подобрување на животот за сегашните и идните генерации.
Во акцијата, покрај студентите од АУЕ – ФОН, учествуваа наставниот кадар и менаџментот, а своја поддршка дадоа и над 100 средношколци од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СЕПУГС „Арсени Јовков“, СУГС „Георги Димитров“, како и останати членови на Унијата на средношколци.
Со волонтерската активност како дел од својата општествено одговорнa практикa, целта на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН е да покаже дека граѓаните во нашата земја повеќе не смеат да бидат само сведоци на општествените девијации, туку треба да преземат иницијативи за подобрување на светот во кој што живеат. Овие акции претставуваат и одлична можност за градење на блиски релации помеѓу вработените од универзитетот, помеѓу студентите, средношколците и сите останати доброволци, односно можност за вмрежување за идна подобра соработка.
„Со нашата активност упатуваме апел до јавноста, но и до носителите на одлуки, дека треба да се воспостави оддржлив систем за управување со отпад. Нè радува фактот што младите генерации стануваат сè повеќе свесни за последиците што може да произлезат доколку не се грижиме за средината во која живееме. А со денешната акција потврдуваме дека секоја промена во општеството треба да биде иницирана поединечно од секој од нас. Сите имаме можност да придонесеме за поздрава животна средина и да се грижиме за зачувување на планетата Земја. Природата е дел од нас, ние сме дел од неа – и тоа нѐ обврзува да се однесуваме одговорно кон животната средина, практикувајќи одговорно работење во сите сфери од нашите активности“, изјави Миранда Цаноска, директор на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.
ПР текст