866
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави снимка по телефон како Сашо Мијалков со уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас се договараат како ќе се известува за апсењето на Љубе Бошкоски.
– Пет дена ќе го вртам – вели Латас.
– Да биде понижен. На Канал 5 подобро оди. Има подобра снимка како лежи на земја, како говедо – вели Мијалков.
– Јас сум утре на вести, ќе го вртам – вели Латас.