(АУДИО) Јанушев: Таа Даниела и тој Ратко, жими се, утре ќе ги убијам!

by Fokus

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ се објавени две нови ауди снимки меѓу носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица три, Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во разговорот се слуша како Јанушев се заканува дека ќе убиел извесни Даниела и Ратко.

„Абе таа Даниела и тој Ратко, жими се, слушај ми го зборот, нека помине денов утре ќе ги убијам. Вчера до 12 се расправавме со Ратко кај треба да бидат компјутерите. Он ми вика ние се договоривме, ние имаме систем сега да ни биде во ‘Борис Трајковски’. И Геле и луѓево што се, Љупка и дечково со нив од Битола, отидоа во „Борис Трајковски’’“, вели Јанушев.

 

Поврзани новости