Ацо Ристов предлог за нов претседател на РКЕ

by irena 14:54
14:54

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски.

Ристов денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница.

Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година ја извршувал и функцијата градоначалник на Радовиш.

Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на критериумите од огласот.

Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.

Слични вести