Ацо Пејовиќ ги најави летните концерти во Македонија

by fokus

Популарниот српски фолк пејач Ацо Пејовиќ, кој минатата година во два наврати ја наполни Арената Борис Трајковски, и тоа на солистички концерт во април, а потоа и во декември, повторно се подготвува за настапи во земјава.

Веќе се пуштени во продажба билети за неговите концерти кои треба да се одржат во Битола и Охрид.

На осми јули ќе настапува на Ракометното игралиште во Битола, а пак на 29-ти јули на Билјанини извори во Охрид. Влезниците за концертот во Битола изнесуваат 700, а пак за охридскиот концерт 600 денари.

Иако е присутен на сцената со децении наназад, Пејовиќ стана регионална ѕвезда откако ги отпеа хитовите на Тома Здравковиќ во играниот филм „Тома“.

За време на ланските концерти во Скопје, арената беше преполна со обожаватели, а покрај своите авторски песни, Пејовиќ ги пееше и хитовите на Здравковиќ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости